Лука Дончиќ се врати од повредата и одигра нешто повеќе од 23 минути на своето деби за Лејкерс, Словенецот постигна 14 поени, имаше пет скока и четири асистенции.
Најефикасен во составот на Лејкерс беше Леброн Џејмс со 24 поени, Ривс постигна 22, а Хачимура 21. Кај Јута најдобар беше Колинс со 17 поени и 11 скокови.
Никола Јокиќ имаше доминантна партија против Портланд, постигна 40 поени, имаше седум скокови и осум асистенции. Денвер славеше убедлива победа од 146-117.
Резултати:
Кливленд – Минесота 128-107
Орландо – Атланта 106-112
Вашингтон – Сан Антонио 121-131
Бруклин – Шарлот 97-89
Мајами – Бостон 85-103
Милвоки – Голден стејт 111-125
Оклахома – Њу Орлеанс 137-101
Далас – Сакраменто 128-129
Денвер – Портланд 146-117
ЛА Лејкерс – Јута 132-113