сабота, 19 октомври 2024
На ден пред почеткот на Светското првенство во кошарка

Дончиќ и соиграчите останале без сон поради ракета од Северна Кореја: Беше лудо, добро се исплашив!

Објавено на

часот

Сподели

Утре почнува Светското првенство во кошарка а репрезентациите кои своите натпревари ги играат во Окинава, утрово останаа без сон. Нешто по 4 часот по локално време биле вклучени сирените за тревога поради ракета лансирана од Северна Кореја, па жителите, туристите и спортистите добиле порака да се засолнат.

„Беше лудо, останав без сон. Мислев дека доаѓа ракета и добро се исплашив“ – рече Лука Дончиќ со насмевка на лицето.

Од Северна Кореја потврдија дека имале неуспешен обид да лансираат шпиунски сателит, а властите од Јапонија брифираат дека делови од ракетата паднале во Жолтото Море, Источнокинеското Море и Тихи Океан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ