Со одлична игра во последната четвртина Далас успеа да го победи Хјустон и да запише уште еден триумф. Главна ѕвезда на вечерта и овојпат беше Лука Дончиќ.
Словенечкиот кошаркар имаше брилијантна партија, постигна 41 поен, имаше девет скокови и девет асистенции. Најдобар во составот на Хјустон беше Турчинот Сенгун со 31 поен.
Во текот на втората четвртина Голден стејт водеше со 72-48 на гостувањето кај Сакраменто и на крајот успеа да го загуби мечот. Домаќините се радуваа на триумф од 124-123.
Фокс со 29 поени беше најефикасен во победничкиот тим, за Голден стејт по 29 поени постигнаа Кари и Вигинс.
Резултати:
Бостон – Чикаго 124-97
Бруклин – Торонто 115-103
Кливленд – Атланта 128-105
Мајами – Милвоки 124-131
Њујорк – Шарлот 115-91
Минесота – Оклахома 106-103
Далас – Хјустон 121-115
Сакраменто – Голден Стејт 124-123