Поранешниот претседател вчера во продавницата „Сникер кон“ во Филаделфија претстави модел на Трамп-патика, а додека зборуваше пред толпата, на подиумот постави пар патики во златна боја, кои на нова веб-страница ги рекламираше за цена од 399 долари.
Трамп моделот го нарече Никогаш не се откажувај (Never Give Up), пренесува Си-ен-ен.
„Ова е нешто за што зборувам 12, 13 години и мислам дека ќе биде огромен успех“, рече Трамп, кој се приближува кон републиканската претседателска номинација за годинешниве избори и реванш со актуелниот претседател Џозеф Бајден, според Си-ен-ен.
На веб-страницата на продавницата беше објавено дека до синоќа се распродадени сите патики од овој модел, вкупно 1.000 пара, колку што имало на залиха во продавницата „Сникер кон“ во Филаделфија.