Момците на Кирил Лазаров забележаа доминантна победа на првиот натпревар против Бриксен, имаа целосна контрола од почетокот до крајот и заслужено стигнаа до петто славје во Европа оваа сезона.
Алкалоид од самиот старт наметна силно темпо, голманите исто така беа расположени, Кизиќ во првото полувреме имаше осум одбрани, Галевски фати два пенали, па на пауза се замина со пет гола позитива (18-23).
Во второто полувреме, македонскиот тим продолжи со ефикасна игра, постојано ја зголемуваше предноста, која на крајот беше и двоцифрена (32-44).
Најдобар стрелец за Алкалоид беше Игор Ѓорѓиев со седум гола, додека Мартин Серафимов и Александар Петковски постигнаа по шест. Во редовите на Бриксен, најефикасни беа Де Оливеира Кандидо со осум и Арчиери со седум гола.
Реваншот ќе се одигра на 22 февруари во салата „Автокоманда“ во Скопје.