„Игнорирањето на понудените мерки од протестот пред две седмици од страна на повиканите институции е показател за нивната несериозност кон борбата за чист воздух и преземањето итни мерки за справување со загадувањето.
Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да покажат одговорност и да преземат конкретни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето – од промоција на обновливи извори на енергија и воведување на енергетски ефикасни решенија до зајакнување на инспекциските контроли и казнување на загадувачите.
ДОМ ги повикува граѓаните кои се за хумано живеење во градовите да се придружат на протестот. Заедно можеме да ја смениме иднината, за доброто на идните генерации“, велат од ДОМ.