„Од министрите за животна средина имаше изјави дека оваа депонија ќе се расчисти до почетокот на 2023 година. Дополнително обезбедените средства на 27-та седница од 23 октомври, на Владата на РС Македонија во висина од 27.453.000 денари (400.000 евра) се минорни за целосно расчистување. УНОПС како имплементациона агенција која имаше обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија досега не обезбеди средства и очекуваме Владата на РС Македонија во Буџетот за 2025 година да предвиди средства за конечно расчистување на малата депонија како би се намалило влијанието врз здравјето на луѓето и животната средина во Скопје“, се вели во соопштението на ДОМ.