сабота, 1 февруари 2025

Долгите дневни дремки може да го зголемат ризикот од мозочен удар

Некои се колнат во нивната регенеративна моќ, но дневните дремки од повеќе од еден час може да го зголемат ризикот од мозочен удар за речиси една четвртина, се вели во едно истражување.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Додека дремењето од 30 до 40 минути може да ја зголеми концентрацијата, истражувањата покажаа дека сè што е над 60 минути може да ја зголеми опасноста од дијабетес тип 2 или дури и предвремена смрт.

Според едно истражување на ЈуГов, секој петти Британец редовно дреме преку ден.

Научниците од Институтот за исхрана на Универзитетот Фудан во Шангај анализирале податоци за навиките на спиење и ризикот од мозочен удар кај повеќе од 90.000 лица на возраст над 50 години.

Тие откриле дека оние кои редовно дремеле најмалку еден час за време на ручек биле 23 отсто повеќе изложени на ризик од мозочен удар.

Околу 100.000 лица годишно во Велика Британија страдаат од мозочен удар, каде што згрутчувањето го прекинува протокот на крв во мозокот – често предизвикувајќи делумна парализа, проблеми со говорот, па дури и смрт.

Најновата студија, објавена во списанието Слип медицин, покажа дека ризикот е најголем кај оние кои спиеле помалку од седум часа навечер.

Истражувачите мислат дека нездравите рутини за спиење може да доведат до воспаление во крвните садови кои го снабдуваат мозокот, зголемувајќи ја опасноста од згрутчување.

„Дневното дремење е вообичаено низ целиот свет. Сепак, овие резултати покажуваат дека има негативни здравствени последици кога луѓето користат долги дремки за да компензираат за краткото времетраење на ноќниот сон“, нагласуваат тие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ