Филмот нема да биде премиерно прикажан на Санденс во јануари поради наводни „неодамнешни и неочекувани настани“, кои спречиле филмот да биде завршен навреме, се вели во официјалното соопштение на режисерот.
Режисерот, кој претходно освојуваше награди на фестивалот Санденс, изјави дека неговото дело е повлечено за да може да го заврши навреме, пред светската премиера.
„Вистината е дека неодамна имаше некои значајни и неочекувани случувања во приказната, кои, доколку не се вклучени во верзијата на Санденс, нема да претставуваат готов филм“, рече Јарецки, без да прецизира за што всушност станува збор.
Филмот требаше да биде прикажан како посебна проекција, а не во конкуренцијата за награди.
Според описот на дејството на филмот, документарецот го следи Асанж во времето кога се соочуваше со потенцијална затворска казна од 175 години во САД поради објавување доверливи владини документи.
Асанж беше во затвор во Велика Британија од 2019 до 2024 година, постојано борејќи се против екстрадицијата во САД.
Американската влада го обвини Асанж за прекршување на Законот за шпионажа. Асанж сега е во Австралија, каде што неговото семејство лобира кај американскиот претседател Џозеф Бајден за помилување од САД.
Филмскиот фестивал Санденс 2025 година ќе трае од 23 јануари до 2 февруари.
Фестивалот Санденс стана еден од најважните американски фестивали на независен филм, бидејќи им дава можност на надежните филмаџии што се занимаваат со документарни, странски и независни филмови да ги промовираат своите проекти и да го привлечат вниманието на пошироката јавност.
Неколкумина сега светски познати режисери, меѓу кои и Квентин Тарантино, Пол Томас и Дарен Аронофски, го доживеаја својот голем пробив на филмската сцена токму на Санденс.
Основач на Санденс е легендарниот актер Роберт Редфорд, кој филмскиот настан го нарече по филмската класика „Буч Кесиди и Санденс Кид“ од 1969 година, во која играше една од двете главни улоги, заедно со уште една легенда – Пол Њуман.