петок, 7 февруари 2025

Дојави за бомби во скопските училишта во Центар и Аеродром и во Штип

Утрово десетина основни училишта во Македонија добиле дојави за наводно поставени бомби во училишните згради. Учениците од неколку училишта се веќе евакуирани, а антитерористичките единици на МВР вршат проверки.

Објавено на

часот

Сподели

Утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „ Гоце Делчев“ во Општина Центар беа добиени дојави за поставени експлозивни направи. Полицијата е терен и презема мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.
Во ООУ „Димитар Миладинов“ беа извршени детални антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави, па наставата продолжи редовно. Во ООУ „Киро Глигоров“, учениците беа навремено евакуирани, а наставата е прекината до завршување на целосниот увид. Во ООУ „Гоце Делчев“ каде денеска се прославува патронат и децата се ослободени од настава, во тек е полициска проверка, соопшти Општина Центар.
„Безбедноста на децата и вработените е наш врвен приоритет. Во координација со МВР ќе продолжиме да ги спроведуваме сите неопходни мерки за заштита. На службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата, утрово добиени се дојави за поставени експлозивни направи“, информираат од МВР за МИА.

Дојава за бомба утрово имало во неколку училишта во Аеродром, како и во две училишта во Штип.

Изминатите денови голем број училишта во повеќе хрватски градови добија дојави за закани со бомби. Медиумите неофицијално јавија дека заканите биле испратени од истиот сервер кој наводно се наоѓа во Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ