“Ваквиот начин на работа претставува прогон на кадрите од Република Српска, со цел за нејзина дестабилизација”, порача Додик.
Како што напомнува тој, Обвинителството на БиХ покажува дека стана инструмент на одделни странски амбасади и на сараевската политичка јавност за пресметка со Република Српска.
“Доколку постојат сомневања дека имало незаконски дејства, оваа постапка треба да се води според законот, а не од неа да се прави медиумски спектакл и претстава за јавноста”, изјави Додик.
Потпуно је неприхватљив поступак који је Тужилаштво БиХ покренуло против министра безбједности БиХ Ненада Нешића. Овакав начин рада представља прогон кадрова из Републике Српске с циљем њене дестабилизације.
Тужилаштво БиХ показује да је постало инструмент појединих страних…
— Милорад Додик (@MiloradDodik) December 26, 2024
Да подсетиме, Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде наредба за апсење на министерот за безбедност во Советот на министрите на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ.
Како што пренесува сајтот “Кликс”, акцијата ја спроведува МУП на Република Српска по налог на Обвинителството на БиХ, па се во тек претреси во “Патишта” на Република Српска.