среда, 23 октомври 2024

Додик во посета на Белорусија: Лукашенко е жива легенда

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го пофали денес во Минск лидерот на босанските Срби Милорад Додик дека ги „штити интересите на православците“ на Западен Балкан, додека Додик му возврати со благодарност на политичката поддршка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додик престојува во работна посета на Белорусија каде кажа дека со Лукашенко добро се разбира бидејќи двајцата се под западните санкции па поради тоа е поважно да соработуваат. Истакна дека благодарение на властите на Република Српска е блокиран обидот Босна и Херцеговина да се придружи на западните санкции против Белорусија поради нејзината поддршка на Русија во војната во Украина и кажа дека се радува за тоа што Белорусија „успешно им одолева на санкциите“.

„Тој е жива легенда“, им кажа Додик на новинарите по средбата со белорускиот претседател за кого кажа дека му е како брат.

Во кратката снимка објавена по нивната средба Лукашенко во воведниот дел кажува дека „знае дека на Додик не му е лесно“ но дека е многу важно „цврсто да се држи во одбрана на православниот народ“ и дека за тоа може да смета на поддршка од Белорусија.

„Внимателно ја следиме состојбата на Балканот“, кажа Лукашенко додавајќи дека денес само силата нешто значи.

Додик на медиумите им кажа дека не дошол во Минск да „бара оружје или нешто ирационално“, туку да добие политичка поддршка.

Најави дека по посетата на Белорусија веднаш ќе отпатува во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ