четврток, 26 декември 2024

Додик се надева дека администрацијата на Трамп ќе му ги укине санкциите

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изрази денес надеж дека со доаѓањето на новата американска администрација предводена од републиканците ќе дојде до укинување на санкциите, воведени против него и други високи функционери на РС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доналд Трамп победи, но сè уште не го презема системот на управување. Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, тогаш се создаваат нови услови. Не бараме неговата администрација да навива за нас, но бараме да се почитува меѓународното право на Босна и Херцеговина, земјата која е пропаднат проект, доведен до таа граница токму поради политиката на (американскиот претседател во заминување Џо) Бајден“, им кажа Додик на новинарите во Бања Лука.

Тој како уривачи на уставот на БиХ ги означи владата на Бајден и уставниот суд на БиХ.

Додик потсети дека првите американски санкции му се воведени два дена пред првата инаугурација на Доналд Трамп, во јануари 2017.

„Два дена пред инаугурацијата на Трамп, во првиот мандат, на која бев поканет, добив санкции од демократите. За четирите години власт на Трамп не успеаја да ги симнат санкциите бидејќи во администрацијата седеа луѓе кои не можеа да бидат сменети“, кажа тој.

Зборувајќи за американскиот амбасадор во БиХ Мајкл Марфи, Додик оцени дека неговата улога е само да го одржи Судот на БиХ, кој му суди нему како претседател на Република Српска.

„Мајкл Марфи мора да замине, дури тогаш РС ќе може да ги рехабилитира односите со Америка“, кажа Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ