четврток, 13 март 2025

Додик сака да го смени уставот на Република Српска

Парламентот на Република Српска донесе синоќа одлука за почнување постапка за нов устав на тој ентитет игнорирајќи ги предупредувањата од меѓународниот претставник дека со тоа драстично се кршат Дејтонскиот договор и уставот на Босна и Херцеговина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа одлука ја изгласаа пратениците на владејачкото мнозинство на претседателот на РС Милорад Додик на чин поттик е покрената таа иницијатива, како одговор на истрагата која Обвинителството на Босна и Херцеговина ја води против него и други српски политичари под сомнеж дека извршиле кривично дело уривање на уставниот поредок на БиХ кога го иницирале донесувањето на законите кои во тој ентитет го забрануваат дејствувањето на државните институции и полициските агенции.

Почнувањето на иницијативата за менување на уставот на РС следи непосредно откако Обвинителството побара од Додик и ентитетскиот премиер Радован Вишковиќ и претседателот на парламентот Ненад Стевандиќ да се приведат.

Вишковиќ и Стевандиќ на седница на парламентот на РС ја истакнаа потребата од носење нов устав, а опозициските пратеници кои се противат на тоа ги обвинија дека се предавници што доведе до кавги, навреди и пцовки за време на расправата.

„Се бараат нашите глави бидејќи сакаме да ги зачуваме уставот, територијата и имотот на РС“, кажа Стевандиќ, но опозицијата го критикуваше дека станува збор з аобид да се заштити Додик, а со тоа, според нив, директно се доведува во прашање опстанокот на РС.

Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) пред седницата на парламентот предупреди дека усвојување нов устав на ентитетот според нацртот кој веќе се појави во јавноста „претставува сериозна опасност“ по Дејтонскиот договор.

„Сите пратеници во Народното собрание на РС и Советот на народите на РС треба да  бидат свесни дека овој процес претставува сериозна опасност. Тие мора да ја извршат својата должност и да го одбијат овој напад на уставниот поредок на Босна и Херцеговина и мултиетничкиот карактер на РС“, се наведува во соопштението.

Нацртот на новиот устав ја дефинира Република Српска како држава која има право на самоопределување и здружување со други држави, го предвидува правото на тој ентитет на своја војска и ги укинува позициите на потпретседател на РС од редовите на Хрватите и Бошњаците како и Советот на народите кој сега е каков таков гарант на рамноправноста на припадниците на трите народи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ