Меѓу законите има и таков за Специјален регистар и јавност на работата на непрофитните организации.
Додик, како што пренесува РТРС, вечерва во Бања Лука изјави дека законите кои ги прогласи со указ, стапуваат на сила во петок, „го враќаат субјективитетот и уставната надлежност на РС во услови на загрозување на нејзината уставна надлежност која траела речиси 25 години“.
„Сакаме да го прекинеме тоа. Нашата намера не е што било да наметнуваме, да забрануваме во смисла на нивното дејствување на просторот на Федерацијата БиХ“, кажа Додик.
Според него, „не постојат ни Суд ни Обвинителство на БиХ, ни Агенциоја за истраги и заштита“.
„Верувам дека направивме важна работа за РС, пресвртница во враќањето на нашиот субјективитет“, кажа Додик.
Тој додаде дека е уверен дека во сегашниот однос на силите во светот Соединетите Американски Држави и „други големи играчи“ повеќе нема, како што кажа, „да пружаат поддршка во создавањето невозможни држави и вештачки нации“ и дека „во заборав ќе отиде тој концепт на пропаднатата претходна американска администрација“.
Додик ги повика сите луѓе во Босна и Херцеговина „да останат мирни“.
„Ги повикуваме и разгневените носители на одлуките во Федерацијата БиХ да останат мирни, да не испраќаат никого во РС. Не испраќајте ни повеќе дописи по овие прашања, особено не испраќајте луѓе. Не ги изложувајте луѓето на ништо“, кажа тој.
Истакна дека властите на РС ќе „останат упорни“ во намерата РС да изгради свој субјективитет, истакнувајќи дека тој, по стапувањето на новите закони на сила, „тоа многу ефикасно ќе го проследи и ќе се стави во функција на остварувањето на новите закони“.
Потпретседателот на РС од бошњачкиот народ Ќамил Дураковиќ изјави вечерва дека Додик „извршил државен удар“ и дека „фактички го отцепил ентитетот Република Српска“.