недела, 22 декември 2024

Додик поднесе кривична пријава против обвинител на Обвинителството на Босна и Херцеговина

Објавено на

часот

Сподели

Ова е реакцијата на Додик на одлуката на Обвинителството на БиХ да поднесе обвинение против него и вршителот на должноста директор на Службениот весник на Република Српска Милош Лукиќ, пренесува Н1.

Тие се обвинети за кривично дело неизвршување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит.

„Во специјалното одделение на Републичкото јавно обвинителство за сузбивање корупција, организиран и најтешки облици стопански криминал во Бања Лука поднесов кривична пријава против обвинителот на Обвинителството на БиХ Недим Ќосиќ. Кривичната пријава ја поднесов затоа што Ќосиќ поднесе обвинение поради, како што е наведено, кривично дело неизвршување на одлуките на високиот претставник“, наведе Додик.

Потоа додаде:

„Тој како службено лице на Обвинителството на БиХ, со намера да ѝ нанесе штета на институцијата претседател на Република Српска, која јас ја претставувам, и на Милош Лукиќ, в.д. директорот на Службениот весник на РС, донесе незаконска одлука, со што изврши кривично дело повреда на законот од член 346 и злоупотреба на службената позиција или овластувањата од член 315 од Кривичниот закон на Република Српска“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ