среда, 26 февруари 2025

Додик осуден на една година затвор: „Од денес повеќе ја нема БиХ што ја замислувавте“

Судот на Босна и Херцеговина ги изрече пресудите за претседателот на Република Српска Милорад Додик и в.д. директорот на Службениот весник на РС Милош Лукиќ, кои беа обвинети за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Додик е прогласен за виновен, а Лукиќ е ослободен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Милорад Додик е осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење политичка функција. Станува збор за првостепена пресуда на која има можност за жалба.

Додик можеше да добие казна затвор од шест месеци до пет години и до десетгодишна забрана за вршење политичка функција. Обвинителството на БиХ бараше максимална казна.

Додик и Лукиќ беа обвинети за тоа што во 2023 година ја спроведоа одлуката на Собранието на РС одлуките на Шмит да не се објавуваат во Службениот весник на РС. Шмит го поништи тој закон, но Додик сепак го потпиша, а Лукиќ го објави, што Шмит го окарактеризира како кривично дело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ