„Знае )претседателот на бошњачката Партија за демократска акција Изетбеговиќ) Бакир, знае (министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ) Дино, знае (новинарот на порталот Истрага Авдиќ) Авдо. Не сум видовит, така што не знам каква пресуда ќе ни биде изречена на Лукиќ и на мене“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Порталот Истрага, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Додик ќе биде осуден, а Лукиќ ослободен од обвинувањата, додавајќи дека не се знае колкава ќе му биде казната, но дека е извесно дека на Додик ќе му биде изречена неколкугодишна забрана за политичко дејствување.
Додик оцени дека Обвинителството на БиХ обвинението го поднело под притисок, а дека Судот на БиХ обвинението го потврдило повторно под притисок.