недела, 22 декември 2024

Додик ги нарече припадниците на хрватската војска наследници на усташите

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик ја нарече операцијата на хрватската војска од октомври 1995 година, во соработка со бошњачката војска во делови на западна Босна, „продолжување на усташката политика“ лија единствена цел биле прогон и елиминација на српското население.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Есента 1995 година, врз основа на договор склучен меѓу тогашниот хрватски претседател Фрањо Туѓман и членот на Претседателството на тогашна Република Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ, силите на хрватската војска и армијата на БиХ презеле заеднички операции за освојување на териториите под контрола на босанските Срби.

Операцијата во која биле заземени 13 општини во западна Босна, а хрватската војска стигнала речиси до Бања Лука, го изнудиле почетокот на мировните преговори кои довеле до потпишување на Дејтонскиот договор.

Во изјава за локалните медиуми во Република Српска Додик по повод 29-годишната на операцијата кажа дека тоа била „агресија извршена од потомците на усташите“.

„Тоа беше идеологијата на Независна држава Хрватска во 1941 година, а продолжи во деведесеттите години од минатиот век. Тоа што не го завршиле усташите до 1945 години, го продолжија нивните потомци и следбеници“, изјави Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ