петок, 18 октомври 2024

Додик: Без нас, ЕУ не може да ѝ даде пари на Федерацијата БиХ

Објавено на

часот

Сподели

Тие два закони, кои собранието на РС ги усвои на 21 и 27 јуни, високиот претставник Кристијан Шмит ги поништи на 1 јули, со оценка дека со нив е извршен удар врз уставниот поредок на БиХ, а со тоа и врз Дејтонскиот мировен договор.

Додик истакна дека ситуацијата ја олеснува тоа што Клубот на Бошњаци во Советот на народите на РС ја повлекол претходно донесената одлука за ставање вето на тие два закони. Клубот на Бошњаци го повлече ветото бидејќи Шмит ги укина двата спорни закони и ги прекина сите понатамошни процедури во врска со нив.

Додик кажа дека Република Српска „не сака никаков конфликт“ и повтори дека Шмит не е легално избран висок претставник, туку „добро платено лице кое глуми будала по Сараево“.

По повод одлуката на Европската Унија да одобри 303 милиони евра неповратни средства за четири нови инфраструктурни проекти во Федерацијата БиХ, а ни за еден од Република Српска, Додик на новинарите им укажа дека ЕУ со тоа „ја дели БиХ“ и најави блокада на средствата за Федерацијата.

„Моето прашање е на кој начин мислат, без заеднички одлуки во Сараево, да го применат тоа што го одлучиле“, кажа Додик.

Меѓународните договори, во кои спаѓаат и договорите за финансирање од донаторски и кредитни системи за проекти на локалните заедници, мора да ги одобри Советот на министри како државна влада, односно Претседателството и парламентарното собрание на БиХ.

Српските претставници во овие тела можат да стават вето на усвојувањето на договорите во секоја од овие три државни институции.

„На овој начин бриселската администрација затвора какви било можни активности за реализација на она што го сакаат“, порача Додик.

Наведе дека таквата постапка на ЕУ нема да ги промени ставовите на Република Српска, бидејќи „нејзиниот народ не е спремен да ја продаде својата слобода и карактерот за одредена сума пари“, која би му ја доделиле во вид на донации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ