среда, 25 декември 2024

Додик: Ѝ кажав на шефицата на британската дипломатија дека тие нè бомбардираа во 1995

Објавено на

часот

Сподели

„Украина е колатерална штета на оваа војна. Овие кои правеа разни геноциди по светот сега се спремни до последен Украинец да водат војна. Од БиХ сега бараат, иако нема одлука на Претседателството, да ѝ доставиме некакво оружје на Украина. Тоа нема да се случи. Мислам дека се ова подли обиди да се вовлечат на нивна страна и само низ нивни очи да се гледа тој конфликт. А тие се тие кои не сакаа да разговараат со Русија. Мене ми е жал за секој човек во Украина кој настрадал од која било страна, но невозможно е да се очекува од оние кои прават хаос во светот да донесат што било добро“, кажа Додик.

Истакна дека за време на состанокот со Трас кажа дека Британците ги доживува како оние кои работата против Република Српска.

„Јасно ѝ кажав на госпоѓата – нема да ја срушите нашата волја да бидеме свои на свое и дека имаме права кои ги добивме со Дејтон. Нема вашата сила да биде доволна да ја урнете нашата волја. И за мене ова е непријатна ситуација, но не сакав жената да има претстава дека тука е онака како што велат муслиманите. Морам да ги застапувам ставовите на Република Српска. Мора да знаат дека тие нè бомбардираа во 1995, без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации, и дека Британија ја водеше хајка и дека тука фрлаа осиромашен ураниум“, кажа Додик.

Истакна дека го отфрлил мешањето на Британија во внатрешните прашања на БиХ. „Не сакаме еднострани решенија во БиХ и тоа нема да може да се оствари“, заклучи Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ