сабота, 19 октомври 2024

Додека чекаат борбени авиони Ф-16, Украинците добија – симулатори (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Меѓутоа, поради моменталните ограничувања, Чешка наместо авиони на Украина ѝ обезбедила симулатори на летање.

Оваа информација ја пренесе официјалниот портпарол на кабинетот на украинскиот претседател, во која детално се наведува трансферот на оваа опрема за обука на воздухопловниот штаб на оружените сили на Украина.

За време на демонстрацијата на овие симулатори на летање, на украинскиот претседател Володимир Зеленски му било покажано како овие уреди можат да ги обучат украинските пилоти да управуваат со американските борбени авиони без потреба од вистински авион.

Според зборовите на претставникот на кабинетот на Зеленски, „оваа иновативна технологија ќе им овозможи на пилотите да се запознаат со сите аспекти на современиот воздушен модел, со посебен акцент на неговите импресивни борбени капацитети“.

Објавено е и дека и самиот Зеленски го тестирал симулаторот.

Меѓутоа, од 30 украински пилоти кои тренирале на симулаторот, само 8 ги исполниле потребните стандарди. Овој резултат се припишува на фактот дека повеќе украински воени пилоти не знаат англиски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ