четврток, 6 март 2025

Додаток на плата за униформираните полицајци и на инспекторите во криминалистичката полиција, бара СПМ

Синдикатот на полиција во Македонија (СПМ) упати барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) за утврдување на додаток на плата за униформираните полициски службеници и на инспекторите во криминалистичката полиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат униформираните полициски службеници на терен (во оваа категорија спаѓаат полициските службеници од полициските станици од општа надлежност, полициски одделенија и канцеларии и полициски станици за безбедност на патниот сообраќај и полициските службеници -инспектори во криминалистичката полиција) со воочување на проблемите со кои секојдневно се соочуваат, изложувајќи ги своите животи за работа и опасност по живот односно постоење на висок ризик во извршувањето на работите и задачите, имајќи ги во предвид фактите и доказите кои стојат пред нас а пред се се однесуваат на сторени кривични дела токму над наведената категорија на работници, бараме утврдување на додаток на плата согласно член 168 од КД на МВР во износ од минимум 25 отсто за униформираните полициски службеници односно минимум 20 отсто додаток на плата за полициските службеници -инспектори во криминалистичката полиција“, се наведува во соопштението од Синдикатот на полиција во Македонија.

Од синдикатот како причини за барањето ги наведуваат податоците според кои во периодот од 1 јануари 2020 година до 30 септември 2024 година регистрирани се вкупно 715 кривични дела напад на овластено службено лице.

„Како последица од нападите над полициските службеници, еден полициски службеник е повреден од огнено оружје, на 25 полициски службеници им се нанесени тешки телесни повреди, додека 747 полициски службеници се полесно повредени“, пишува во соопштението.

Како што наведуваат, во периодот од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2024 година регистрирани се вкупно 522 кривични дела спречување на службено лице во вршење на службено дејствие. Во најголемиот број на регистрираните дела кривичните дела се сторени токму кон категоријата на работници за која се бара додаток на плата.

„Се надеваме дека правилно ќе се разгледа и земе во предвид наведеното барање доставено до Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и во иднина ќе бидат опфатени со додаток на плата и наведената категорија на вработени односно во иднина нема да бидат дискриминирани по наведениот основ односно ќе им биде утврден додаток на плата по наведениот основ“, посочуваат од Синдикатот на полиција во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ