Еван Ендика добри ги исплаши сите на синоќешниот натпревар помеѓу Удинезе и Рома, дефанзивецот во еден момент од второто полувреме, седна на тревата и се пожали на болки во градите.
На носилки веднаш беше изнесен од теренот, и пренесен во болница откако во соблекувалната му било направено ЕКГ.
За среќа не се работи за срцев удар, во моментов состојбата на Еван Ендика е стабилна и се очекува тој во текот на денот да ја напушти болницата во Удине.