четврток, 6 февруари 2025

До понеделник ќе се знае што ќе преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи

Утре или во понеделник Министерството за економија ќе соопшти какви мерки ќе преземе Владата во однос на поскапувањата на основните прехранбени производи поради кои граѓаните организираат бојкот на поголемите ланци маркети, соопшти денеска министерот за економија  Бесар Дурмиши.

Објавено на

часот

Сподели

Дурмиши информираше дека во понеделник ќе се одржи и средба со претставници на синдикатите, Организацијата на потрошувачите, Државниот завод за статистика, министерствата за финансии и за земјоделство, како и со претставници на сите останати релевантни институции околу новата методологија за пресметување на потрошувачката кошница.

„Легитимно е да има бојкот на маркетите, го разбирам организирањето на вакви активности зашто одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. Ова нема да го прифатиме и да го толерираме. Ќе ве известиме како ќе постапиме понатаму, подготвени сме да ги преземеме сите мерки што ни се на располагање за да ги спречиме овие незгодни ситуации“, рече Дуримиши на брифинг со новинарите.

Според него, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) до крајот на неделава треба да ги заврши шестмесечните контроли со кои се опфатени дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците.

„Течат контролите на дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците. Надзор се врши врз целокупниот процес, се контролира и колкава е маржата ставена од трговците за период од шест месеци, дали таму е чепкано и врз основа на тој извештај од Инспекторатот, како Влада ќе преземеме соодветни мерки“, истакна министерот, додавајќи дека и ДПИ ќе излезе во јавноста со податоците.

Во однос на минималната плата, Дуримиши напомена дека Владата ја поддржува усогласената методологија усогласена и потпишана од двете страни, синдикатите и работодавачите.

„Ако синдикатите и работодавачите се усогласат за нова методоогија или за некои нови услови, нови пресметка, ние сме тука да ги поддржиме“, потенцира министерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ