Утре ќе се задржи облачно и посвежо време со врнежи од дожд, на места обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер.
Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови.
Во Скопје пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре во претпладневните часови. Ќе дува засилен повремено силен ветер од јужен правец.