петок, 18 октомври 2024

До 31 август бесплатно приклучување на мрежата на парно греење во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, започнуваме акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење“, соопштија денеска од ЕСМ Снабдување.

Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.

„Ги покануваме заинтересираните потрошувачи за сите неопходни информации за постапката за приклучување да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100. За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување потребно е да поднесат писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на „ЕСМ Снабдување со топлина“, се наведува во соопштението.

Од ЕСМ Снабдување посочуваат дека по завршување на акцијата, односно од 1 септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

„Бесплатното приклучување на исклучените потрошувачи подразбира бесплатно испуштање на вода од системот за централно греење како и работна рака без надоместок. Секоја дополнителна интервенција на внатрешната грејна инсталацијата ќе се наплаќа согласно ценовникот за сервисни услуги“, информираат од ЕСМ Снабдување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ