среда, 19 февруари 2025
ЈП Водовод и канализација-Скопје

До 2 април сметките за вода може да се платат без камата, одлуката не важи за државните органи

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува на 2 април. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата, апелираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје, соопшти јавното претпријатие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ