До 11 март вкупно 3.994 лица направиле проверка во Избирачкиот список во подрачните единици и канцеларии, шест лица барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а пет бришење. Од дијаспората досега за гласање се пријавиле 1.010 македонски граѓани, од кои прифатени се 617, необработени 278 и одбиени 115.