вторник, 25 февруари 2025

Дмитриј Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија верува во себе, а за да се зборува за доверба во Соединетите Држави (САД), „мора да поминеме долг пат“. „Треба да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба“, изјави Песков за новинарите, пренесе агенцијата РИА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој посочи дека американските лидери покажале политичка волја да го обноват дијалогот со Русија, кој беше сведен „практично на нула“ за време на претходната администрација.

„Преземени се мерки за нормализирање на дијалогот, пред сè, нормализација на работата на нашите дипломатски ресори на реципрочна основа“, рече Песков.

На новинарско прашање да ги коментира наводните планови за распоредување мировни сили во Украина, тој посочи дека дискусиите за можни заеднички проекти меѓу САД и Русија и економската соработка меѓу двете земји ќе дојдат откако ќе се реши ситуацијата во Украина.

„Ќе дојде време да се разгледаат можните проекти за трговска, економска и инвестициска соработка. Постојат многу широки изгледи за ова“, рече Песков.

Тој оцени дека пристапот на ЕУ кон Украина може да се промени по контактот меѓу Америка и Европа.

„Изјавите на Европејците од Киев сè уште не даваат сигнали за балансиран пристап, но можеби врз основа на резултатите од контактите меѓу Европејците и Американците, Европа некако ќе гравитира кон поголема рамнотежа“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ