петок, 26 јули 2024

ДКСК ќе постапува по приговорот на Сиљановска Давкова за кршење на изборните правила

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи седница на која ќе постапува по приговорот на Гордана Сиљановска Давкова, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува за кршење на изборните правила.

Објавено на

часот

Сподели

Според приговорот на Сиљановска Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во образложението на приговорот пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) на 23 јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест што би се спроведувал во периодот од 1 април до 5 мај годинава.

„Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик“, пишува во приговорот на Сиљановска Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ