петок, 26 јули 2024

Сиљановска Давкова поднесе приговор за вработувањата на идните судии и обвинители

Претседателскиот кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова го поднесе првиот приговор за кршење на изборните правила. Според приговорот, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Објавено на

часот

Сподели

Во образложението на приговорот меѓу другото пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) на 23 јануари 2023 година објавиа оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година АСЈО го објавила расопредот за полагање на квалификацискиот тест што би се спроведувал во периодот од 1 април до 5 мај годинава.

„Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик“, пишува во приговорот на Сиљановска Давкова.

Приговорот, Сиљановска Давкова го поднела вчера, а според Законот за спречување на корупцијата Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е должна во рок од еден ден по поднесувањето на приговорот да ја извести Академијата за судии и обвинители (АСЈО) за приговорот и да побара објаснување. АСЈО пак има рок од три дена да се произнесе по барањето на ДКСК.

Според истиот законик, ДКСК е должна не покасно од пет дена, најкасно во вторник, 9-ти април да закаже јавна седница на која ќе постапи по приговорот од Сиљановска Давкова и да донесе соодветна одлука.

По ова ДКСК е должна одлуката по приговорот да ја објави на својата веб страница во рок од 24 часа односно не покасно од среда, 10-ти април, а во одлуката треба да се утврди дали постои прекршување на одредбите на Изборниот законик и доколку има, тогаш ДКСК пред надлежните институции треба да иницира постапка за утврдување на одговорноста на лицето, органот или институцијата што го прекршила Изборниот законик.

Според опозицијата, овој приговор кој го покренува Сиљановска Давкова ќе биде тест за интегритетот на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Опозицијата претходно спомена неколку имиња кои според неа „се фаворити на власта за идни судии и обвинители, кои треба да засноваат работен однос во АСЈО со незаконито полагање на приемните тестови за време на распишани избори.

„Дали за Академијата за судии е поважен изборниот законик или можеби им е поважен Мики Крстев од СДСМ, заменик министерот за локална самоуправа, да полага испит со малверзации во време на распишани избори?! Дали за директорката Габер Дамјановска е поважно владеењето на правото од желбата на внуката на Рамиз Мерко, Ерканда Баута, да стане обвинителка во струка со незаконито полагање на тест во изборен период?! Дали Александар Глигоров, син на Емил Глигоров, претседател на судот во Струмица од СДСМ, со ваков писмен наместо електронски испит ќе има максимални 100 поени? Дали Дитмире Шеху, член на ДИК од ДУИ, ќе има 100 поени на писмениот тест? Може и Фуркан Фета, асистент на ДУИ во Собранието и близок пријател до раководството, ќе освои 100 поени на ваков тип на полагање. Секако и Дарко Герамитчиоски, советник на СДСМ во Општина Прилеп, веројатно ќе има 100 поени на писмен тест прегледуван од човек, наместо електронски“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

МКД.мк веќе пишуваше дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) се најде во небрано како да го продолжи спроведувањето на примениот испит за кандидатите од 9-та генерација слушатели за идни судии и јавни обвинители затоа што Владата преку Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) сѐ уште не ја завршила постапката за избор на фирма која ќе се грижи за непречената работа на електронскиот систем за полагање на испити. Поради ова, Владата на седницата одржана на 26 декември 2023  година спротивно на законот донела заклучок приемниот испит наместо електронски да се изврши писмено, во хартиена форма.

И наместо Владата да го спроведе тендерот за одржување на компјутерите во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) за да може електронски да се полага приемниот испит за идни судии и јавни обвинители, таа го смени Законот за АСЈО, па така испитот се полага на хартија, во писмена форма, а не електронски како што тоа го бара законот.

На 23 март годнава адвокатот Александар Огненовски до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста на членот 2, став 1 од измените на Законот за Академија за судии и јавни обвинители со која се предлага и решение за времено запирање на сите акти и постапки до одлуката во однос на уставноста. Со законските измени, како што е наведено во иницијативата, збирот на бодовите од практичниот и усмениот испит на слушателите на Академијата да изнесува 105 бодови, што е во контрадикторост со неизменетиот став кој предвидува збирот на бодови да изнесува 100.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ