сабота, 27 јули 2024

ДКСК ќе испитува дали АСЈО незаконски, за време на избори, вработува идни судии и обвинители

Сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, се основани, приговорот поднесен од претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова се усвојува, одлучи денеска едногласно Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), постапувајќи по доставен приговор од кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска – Давкова. Приговоротсе однесуваше за кршење на изборните правила.

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата, како што беше кажано, согласно надлежностите, ќе преземе мерки и ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи.

Според приговорот на Сиљановска – Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Академијата за судии и јавни обвинители има право на жалба до Управниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ