среда, 26 февруари 2025

ДКСК казни поранешни и актуелни функционери, го прекршиле Законот за спречување корупција

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска објави имиња на поранешни и актуелни носители на јавни функции кои се казнети со парична глоба за прекршување на одредбите од  Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Од позвучните имиња на списокот казнети се поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, поранешниот заменик претседател на Владата, Артан Груби, поранешните и актуелни пратеници Борислав Крмов, Јована Мојсоска, Арта Билали Зендели, Горан Мисовски, Лазе танески, Даниела Колева и други, како и поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Дашетвски…

Објавено на

часот

Сподели

Од Антикорупција соопштија дека во согласност со член 98 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените постапки и глобите кои се изречени за сторените прекршоци.

Од донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси од 2019 година ДКСК ги нема јавно објавувано овие информации, а комисијата најавува дека ова во иднина ќе биде редовна пракса.

Јавно објавените информации, се додава во соопштението, ќе бидат достапни во период од две години по нивното објавување, а истите содржат кој е сторител на прекршокот, каков прекршок направил, опис на дејството кое претставува прекршок и висината на изречена глоба.

„Преку објавување на овие информации ДКСК има за цел да ја информира јавноста во насока на охрабрување на граѓаните, како и институциите да се придржуваат до правните норми. Очекуваме дека со исполнување на оваа законска обврскa ќе се зголеми довербата во процесите на надзор и контрола, но и ќе се зајакнат напорите за ефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија. ДКСК смета дека оваа мерка е исклучително значајна за зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на секоја институција во борбата против корупцијата“, соопштија од ДКСК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ