Само на овој начин, велат оттаму, почитувајќи ги законските регулативи, ќе се овозможи враќање на довербата на граѓаните во институциите на системот, ќе се спречи коруптивно однесување, трговија со влијанија и партиски клиентелизам.
„Секоја изјава за ‘договорни’ партиски вработувања во јавната администрација ја нарушува довербата на граѓаните во јавните институции и генерира ризици од корупција во постапките за вработувања“, велат од Комисијата.
Нагласуваат дека во насока на остварување на своите превентивни законски надлежности, ДКСК веќе направила антикорупциска проверка на предложените закони за вработување во јавниот сектор и на предлагачот му укажала на можните ризици од корупција кои тие ги генерираат.
Од Државната комисија за спречување на корупцијата потсетуваат дека Комисијата во рамки на своите надлежности, има обврска да спроведува превенција и да презема мерки за спречување на можни злоупотреби на службена положба, судир на интерес и незаконско постапување.