среда, 23 октомври 2024

Директорката на Светска банка за Западен Балкан на средба со претседателката на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја примила директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју. „На средбата беше изразено задоволство од тековната соработка и партнерството фокусирано на економскиот раст и севкупниот развој на македонското општество. Двете соговорнички разменија мислења за Рамката за партнерство за периодот 2024-2028 година“, се вели меѓу другото во кусото соопштение од средбата.

Објавено на

часот

Сподели

„Нагласувајќи ја непроценливата улога на Светска банка во изминативе три децении, претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираните проекти и иницијативи насочени кон клучните области, деловната клима, вработеноста, социјалната заштита и промовирањето одржлив зелен раст.

Двете соговорнички разменија мислења за Рамката за партнерство за периодот 2024-2028 година, која претставува одлична можност за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка, директно придонесувајќи кон надминување на актуелните предизвици и подобрувајќи го квалитетот на животот на македонските граѓани.

Во таа насока, претседателката ја изрази нејзината подготвеност за актуелизирање на овие цели, натамошно промовирање на нашите економски интереси и искористување на идните потенцијали“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ