среда, 23 октомври 2024

Дирекцијата за ТИРЗ го запира Договорот за државна помош за компанијата е.ГО

Поради несолвентност на компанијата „мајка“ се запира извршувањето на Договорот за доделување на државна помош со компанијата е.ГО и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ.

Објавено на

часот

Сподели

„Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош“, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.

Нагласуваат дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.

„За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации“, посочуваа од Дирекција за ТИРЗ.

Компанијата е.ГО требаше да гради фабрика за електрични возила во технолошко-индустриската зона во Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ