Вчера објавивме дека во информацијата објавена на официјалната фејсбук-страница на македонската амбасада во Норвешка, за одржаниот прием по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи во една реченица пишува „…пијалоците од северномакедонските винарии…“. Потсетивме на обврските на нашите дипломати секаде и во секоја пригода да реагираат на секоја ваква несоодветна употреба на придавката „северномакедонски“. Во случајов тие самите тоа го направија.
По објавата на МКД.мк, од вчера на официјалната фејсбук-страница веќе не пишува „северномакедонските винарии“, туку „македонските винарии“.
Освен оваа поправка, нема друга информација од МНР за евентуална казна, опомена…
А.Д.
Пред…
и потоа…