петок, 18 октомври 2024

Дино Имери со рецитал во Филхармонија 

Објавено на

часот

Сподели

Концертот ќе се одржи утре во големата сала на Македонската филхармонија во 20 часот.  Имери е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал на престижните сцени  низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар.  Настапувал во Австрија (турнеја во Палата „Естерхази“, „Liszt-Zentrum“, J. Haydn Kons), Италија  (Рим, Бари), Франција (рецитално отворање на „Piano Plage Festival“, со оркестарот на  Стразбуршката филхармонија), Хрватска (Загреб: „Ватрослав Лисински“, Дубровник: Epidaurus  Festival), Србија (“Коларац”, Галерија „Artget“ – Белград), Бугарија(со Софиската филхармонија). 

Покрај концертната дејност, Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни  дискографски куќи меѓу кои „Dino Imeri LIVE“ (2010, Piano Plage France), “Reflections” (2020,  PMG Jazz), “Passions” (Con:tempo, 2021) и др. Имери бележи бројни успеси и како млад  композитор, пишувајќи музика за филм, театар, балет и инструментална и вокална музика,  мултимедијални проекти како што беше и проектот „Проста и строга македонска песна – 100  години од раѓањето на Блаже Конески“. Како ценет професионалец, Имери е често пати член  на меѓународни стручни комисии на престижни музички натпревари во регионот и Европа.  Имери е и доцент на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ