вторник, 11 февруари 2025

Димитровски во Рим на средба со министрите од групата Пријатели на Западен Балкан

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и министрите за надворешни работи од групата „Пријатели на Западен Балкан” (Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија) во процесот на проширување на ЕУ, што се одржа во Рим, на покана на вицепремиерот и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани.

Објавено на

часот

Сподели

Димитровски учествуваше со свое обраќање на двете работни сесии, „Зачувување на нашата заедничка сигурност и безбедност: зајакнување на соработката со Западен Балкан“ и „Забрзување на пристапот на Западен Балкан во ЕУ: заеднички приоритети за патот напред“.
Тој истакна дека Македонија е докажан партнер во соработката со Европската Унија кога станува збор за безбедноста, сигурноста и одбраната. Тој рече дека како земја што се стреми кон полноправно членство во ЕУ, подготвени сме да продолжиме да придонесуваме во адресирање на сите предизвици со кои се соочува континентот и преку нашиот пат до членство да придонесеме за посилна Унија. Тој ги изнесе и нашите очекувања од Унијата да ја усогласи оваа наша посветеност и решителност со силни одлуки и предвидлива патека за процесот на пристапување. Од исклучителна важност е Копенхагенските услови да бидат главен критериум за полноправно членство во ЕУ, а не билатералните прашања со земји членки на ЕУ, особено оние од историски и идентитетски карактер.
Димитровски нагласи дека за регионот на Западен Балкан не постои друга одржлива алтернатива освен полноправното членство во ЕУ. Тој потсети дека нашата земја вложила исклучителни напори во изминатите 20 години во процесот на пристапувањето, за да се доближи поблиску до посакуваната цел.
Димитровски ја поздрави идејата на земјите пријатели на Западен Балкан за забрзување на постепената интеграција на земјите од Западен Балкан во единствениот европски пазар, како и за продлабочување на ангажманот и соработката на полето на европската заедничката надворешна и безбедносна политика. Во тој контекст беше поздравено и неодамнешното потпишување на Партнерство за безбедност и одбрана меѓу Македонија и ЕУ, што ја симболизира нашата заедничка посветеност за одржување на мирот, стабилноста и безбедноста во нашиот регион и пошироко.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ