Димитровски високо ги оценил и мостовите на соработка меѓу двете земји кои имаат за цел членство во Европската Унија, а истовремено работат на важни области. како што се јазичните и културните прашања.
„Во однос на прашањето за употребата на албанскиот јазик во Македонија, Димитровски ги коментираше иницијативите за измени во законите за јазиците, уверувајќи дека овие измени нема да влијаат на употребата на албанскиот јазик“, објави телевизијата.
Тој нагласил дека одлуките кои се разгледуваат во судот се од специфичен карактер и имаат за цел да ја стандардизираат употребата на јазиците во институциите, како војската и банките, без да влијаат на употребата на албанскиот јазик.
„Има иницијативи за разгледување на некои од прашањата и законите на различни јазици во Македонија, како што е албанскиот јазик. Овие одлуки и разгледувања немаат за цел да влијае на употребата на албанскиот јазик. Тоа се прашања за јазични специфики, униформи, војска, банки, употреба. Сè уште е на суд. Но, нема да има противуставни одлуки кои ќе влијаат на употребата на албанскиот јазик во Македонија. Сакаме Албанците да се чувствуваат слободни и безбедни, но важно е македонскиот јазик да биде ценет од сите граѓани во Македонија. Не се засегнати ниту Охридскиот договор, ниту оној од Преспа, заедничките одлуки не се засегнати“, изјавил Димитровски.
Денеска во Корча, македонското друштво „Сонце“, во соработка со Универзитетот „Фан С. Ноли“ од истиот град и мрежата за промоција на јазичната различност од Брисел, организираат научна конференција на тема „80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“.