Столе Димитриевски денеска се појави покрај селекторот Благоја Милевски на средбата со новинарите и даде свое мислење за средбата против Летонија во 5. коло во Лигата на нации.
„Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа, кога на прес нагласувам дека сакам чистам мрежа, тоа ми носи среќа и се разбира дека тоа ми е целта и за утрешниот натпревар“ – вели голманот на Валенсија.
„Не чувствуваме притисок, најважно е да победиме и да останеме на првото место. Тоа беше нашата цел и пред оваа Лига на нации, тоа е нашата и на овие два последни натпревари“.