Македонија утре во 18 часот ќе се сретне против Црна Гора на вториот контролен натпревар во Анталија.
„За мене ова е посебен меч, бидејќи моето деби во репрезентацијата беше во победата над Црна Гора од 3-1 во Скопје“ – вели Столе Димитриевски.
„Концентрацијата и фокусот во завршнцата од натпреварите мора да ни биде на повисоко ниво затоа што често примаме голови во последните 15-20 минути.
„Мораме да бидеме посконцентрирани и пофокусирани за да стигнеме до победа. Креираме шанси за гол, но треба и да ги реализираме“.