Актуелниот договор на Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува по крајот на оваа сезона, па чести се шпекулациите кои го поврзуваа со заминување.
Последно беше дека се договорил со Валенсија, но тој сега негира дека тоа е така. Негов приоритет е да остане во Рајо Ваљекано.
„Не се вистина шпекулациите дека сум се договорил со Валенсија. Во изминатите години имаше многу шпекулации за мојата иднина. Сè уште водиме преговори, сакам да останам, но ќе видиме што ќе се случи. Не сум потпишал со никого“, кажа Димитриевски за „Марка“.