Димитриевски смета дека мора да се изнајде начин и модел со којшто ќе се модифицира преговарачката рамка за да се приближи процесот на евроинтеграции и преговори напред и конечно да почнат преговорите со ЕУ за полноправно членство на Македонија во Унијата.
Додаде дека ќе се залага да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција за сите пензионери, а парите за тоа би ги обезбедиле од нереализираните средства од капиталните инвестиции кои остануваат на крајот на годината.
Тој најави дека една од неговите први активности ќе биде измена на посточкиот Кривичен законик со кој се амнестираа голем број политичари во државата, како и претходни политичари, бидејќи законот треба да важи подеднакво за сите, а тој, како што рече, не отстапил од слоганот „Нема правда, нема мир“ и тој сѐ уште важел за него.
Инаку, во рамките на денешните активности Димитриевски ќе има средби со граѓани и во Дојран, Богданци и Гевгелија.