На отварањето на 15. коло во Серија А, Интер пред своите навивачи ја совлада Парма со 3-1.
Откако избраниците на Инзаги пропуштија неколку шанси, резултатот беше отворен во финишот на првото полувреме. Димарко одлично се снајде, со пета исконтролира една топка, си отвори простор и прецизно биеше по земја за 1-0.
„Нероаѕурите“ ја дуплираа предноста на стартот од вториот дел, Мхитарјан одлично го пронајде Барела, кој убаво ги исфрли од игра и дефанзивецот и голманот, и рутински стрелаше за 2-0.
Во 67. минута беа решени сите дилеми околу победникот, Турам ја затресе мрежата за 3-0.
До крајот на натпреварот, Дармијан си постигна автогол за конечни 3-1.