Редоследот на кандидатите за претседатели беше утврден на денешното жребување во присуство на претставници на подносителите на кандидатурите.
Како што изјави претседателот на ДИК Александар Даштевски, по спроведеното ждребување редоследот на кандидатите за претседатели на листата ќе биде објавен во Службен весник.
По куса пауза се очекува ДИК да продолжи со седницата на која ќе се расправа за рекламирање на партиите преку распределба на билбордите.