„Како ДИК до Собранието дадовме еден предлог до Собранието – во Изборниот законик да се направи измена во која ќе има преодна одредба само за овие избори, да важат и старите важечки документи за да можат да гласаат сите граѓани. Дали тоа ќе се усвои или не, зависи од Собранието“, истакна Даштевски.
Во тек е увидот на Избирачкиот список, тече рокот за поднесување и барања од дијаспората за гласање на претседателските избори на 24 април и на парламентарните на 8 мај.
Крајниот рок за поднесување на барања за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список е до 18 март, понеделник. Рокот важи и за парламентарните и претседателските избори.
До петок трае собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори.