сабота, 15 февруари 2025

Ди Марија: Роналдо е роден во погрешно време, Меси е најдобар

Анхел Ди Марија играше со Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, но неговата поддршка кога станува збор за најдобриот оди на страната на сонародникот, Лео Меси.

Објавено на

часот

Сподели

Дебатата кој е подобар дали Роналдо или Меси трае со години, а ќе трае и уште многу долго.

Пред извесно време Кристијано Роналдо самиот рече дека е најдобар на сите времиња, а на ова имаше одговор Ди Марија.

„Добро го запознав Роналдо во текот на четирите години минати заедно, не ме изненадува дека го кажа тоа. Тој секогаш зборува така, се наметнува да биде тоа што сака – најдобар. Сепак, негова несреќа е што е роден во во времето на момче кое беше никој и ништо, но со допир на магично стапче стана недопирлив. Дека е така сведочат и бројките“, вели Ди Марија.

„Еден од нив има осум Златни топки, а другиот пет, тоа е голема разлика. Втората работа е што Меси својата репрезентација ја одведе до светскиот трон, а Роналдо не успеал во тоа. Едниот има два трофеи на Копа Америка, другиот еден на ЕП. Евидентно е и на натпреварите, едниот силно се труди околу се во играта, другиот игра како да е во дворот на својата куќа. Сите знаат што ќе направи Лео и повторно на секој натпревар му успева да помине точно крај играчот. Тоа го прави веќе 18 или 20 години. Меси е таков природно, а Кристијано бидејќи многу се труди. За мене Меси е најдобар на светот и во историјата, без сомнеж“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ