Второто полувреме помеѓу Верона и Фиорентина донесе тензични моменти на Бентегоди, гостинскиот играч Моизе Кин се струполи на теренот.
Неколку минути пред овие немили сцени, напаѓачот имаше страшен дуел со Давидович и Копола, доби колено во глава и раскрварена аркада. По укажаната лекарска помош, Моизе Кин се врати во игра со чалма на главата, но набрзо се пожали на вртоглавица и мораше на носилки да биде изнесен и префрлен во болница.
Од таборот на Фиорентина брифираат дека се работело за повреда на главата и се очекува во следниот период да бидат откриени повеќе информации за состојбата на Моизе Кин и резултатите од направените тестови.